Трамп: Ниту еден американски претставник нема да патува на самитот Г20 во Јужна Африка

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ниту еден американски претставник нема да патува на самитот на Г20 во Јужна Африка подоцна овој месец, наведувајќи дека Африканерите „се убивани и масакрирани“.
– Целосен срам е што Г20 ќе се одржи во Јужна Африка. Африканците (луѓе кои потекнуваат од холандски доселеници, како и од француски и германски имигранти) се убиваат и масакрираат, а нивната земја и фарми нелегално се конфискуваат. Ниту еден владин претставник на САД нема да присуствува сè додека продолжуваат овие злоупотреби на човековите права. Со нетрпение очекувам да бидам домаќин на Г20 во 2026 година во Мајами, Флорида, напиша Трамп на неговата платформа Truth Social.
Претходно Трамп изјави дека потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, ќе отпатува во Јоханесбург за самитот на Г20 со шефови на држави и влади. Трамп ја остави својата лична одлука за учество на овогодишниот самит отворена, поради политички несогласувања со домаќинот, пренесе ДПА.
Јужна Африка годинава го има претседателството со групата на водечки индустриски и земји во развој (Г20). Групата вклучува 19 земји, Европската Унија и Африканската Унија.
Во мај, на состанок во Овалната соба, Трамп јавно упати обвинувања за „геноцид“ против белите фармери до јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса. Експертите и јужноафриканската влада го негираат претставувањето на наводен „бел геноцид“.
Претходно годинава, САД прифатија прва група бели Јужноафриканци и им доделија статус на бегалци. Во почетокот на февруари, Трамп веќе ја замрзна помошта за Јужна Африка, а во март САД го протераа јужноафриканскиот амбасадор.
МИА
Ново на Сител
-

Во Женева заврши првиот ден од преговорите меѓу Русија, САД и Украина
-

Тројца загинати во експлозија во зграда на руската воена полиција
-

Зеленски: Досега од Русија се вратени 2.000 украински деца
-

Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар - Стража - Кичево
-

ФИФА загрижена поради слабиот интерес за Светското првенство 2026
-

Зголемени производството и продажбата на шумски сортименти во државните шуми
-

Врнежи од снег со послаб интензитет на Пониква, магла до 150 метри на Пресека
-

Судот го одби барањето за укинување на притворот на обвинетите Васев и Нухи во „Онкологија 2“
