-->
-->
Скопјанец уапсен за насилно убиство на член од семејството
-->
Единицата за насилен криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ф.Р.(27) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека извршил кривично дело „убиство во вршење семејно насилство“, казниво по член 123 од Кривичниот законик.
На 10.05.2020 околу 03.30 часот во својот дом на ул.„Перо Наков“ пријавениот физички ја нападнал М.К. и ѝ нанел повреди од кои настанал трауматски шок, по што починала.
После тоа пријавениот пријавил во полиција дека на оштетената ѝ се слошило и дека паднала во бессознание. По извршената обдукција, Ф.Р. бил приведен во полициска станица, стои во соопштението од МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови