Скопјанец стана милионер
Првиот џек пот на Државната видеолотарија на Република Македонија вредна 1.344.472 денари е освоена во клубот Сенатор во Скопје, а среќниот играч ја освои вчера.
Среќникот добитник е Ивица А. од Скопје на кој чекот му го врачи македонскиот шампион во автомобилизам Игор Стефановски Иџе, заедно со екипата на Државна видеолотарија на РМ.
Добивката е со влог од 30 денари.
- Забавата продолжува со нов предизвик за добивки, изјави првиот човек на Државна видеолотарија Дане Кузмановски.
Тој додаде дека од почетокот на активирањето на добивките џек пот, на први јуни годинава, досега се освоени 199 мини џек добивки, плус најочекувана добивка милионер џек пот, која е освоена вчера, а е вредна 1.344.472,00 денари.
Добивките џек пот се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. Мини џек пот добивките се во вредност од 5 илјади до 10 илјади денари, додека најпосакуваната милионер џек пот добивка е вредна од 1.200.000,00 до 1.500.000,00 денари.
Ново на Сител
-
Македонските компании не знаат за ЕУ стандардите
-
Преглед на вестите од светот
-
Производителите на пченица бараат повисоки откупни цени – откупувачите не даваат
-
Тема на денот со Горан Благоев, верски аналитичар и историчар од Софија
-
Коце Трајановски нов директор на Државни патишта, СДСМ критикува
-
Чибишев и поднел пријава на Бесија Иљази зошто незаконски им исплатила 650.000 денари на договорците
-
Судскиот совет има напредок, но и уште многу работа - Реакции на меѓународната заедница
-
Радев: Мицкоски нема познавање од меѓународно и уставно право