Скопјанец со „Јагуар“ дивеел низ град - претепал друг возач и му го скршил стаклото од возилото
Физичка пресмтка на скопските улици. Како што информираат од МВР, в чера околу 10:30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на булевар „Партизански Одреди“ поради недоразбирање во сообраќајот, И.П.(47) од Скопје управувајќи патничко моторно возило „Јагуар“ со скопски регистерски таблици му го пресекол патот на патничко моторно возило „Фиат Сеченто“ со скопски регистерски таблици управувано од И.А.(47) од Скопје. Потоа И.П. излегол од возилото и му го скршил стаклото од вратата на другото возило и физички го нападнал И.А. по што го напуштил местото на настанот. И.П. по кратко време бил пронајден и приведен од страна на полициски службеници во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Фондот за здравствено осигурување лани платил 45 милиони евра за кардиолошки и кардиохируршки интервенции
-
Филипче: Нема сценарио за хаос на избори
-
Деканот на Градежен, Горан Марковски кандидат за градоначалник на Скопје од Независни заедно
-
Герасимовски бара граѓански кандидат за Совет
-
Стефковски: Историски развој на Гази Баба, реализирани 670 проекти за 4 години
-
ЗНАМ: Наскоро имиња за Центар и Куманово
-
Преглед на вестите од светот