Сириските владини сили навлегоа во Палмира
Сириските владини сили денеска навлегоа во древниот градот Палмира, кој е под контрола на џихадистичката група Исламска држава (ИД), објави сириската државна телевизија.
Како што јави ТАСС, владините сили и џихадистите водат жестоки борби околу археолошките остатоци, што се наоѓаат во југозападниот дел на градот.
Сирискиот центар за мониторинг на човековите права денеска соопшти дека пред ИД ги повикала преостанатите околу 15.000 цивили во Палмира да го напуштат градот.
- Џихадистите побараа од цивилите да го напуштат градот, бидејќи борбите стигнале до предградијата на Палмира, наведува Центарот, според кој провладините војски се приближили од западната страна на градот.
Според директорот на Сирискиот центар, Рами Абдел Рахман во Палмира се уште има околу 15.000 од вкупно 70.000 жители.
- Само најсиромашните не успеале да избегаат порано од градот, нагласи Рахман.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Благојче Атанасоски
-
Матурантите постигнаа подобар успех од лани
-
Детали за акцијата на МВР
-
Сиљановска Давкова: Спортската неписменост и говорот на омраза се срам за сите
-
Беким Сали нов вицепремиер, ако Меџити победи во Чаир
-
Објавен огласот за избор на претседател на Антикорупциска, трае 10 дена
-
Статус Кво ситуацијата со скапо купените акцелератори за зрачна терапија, по една деценија се уште не се во функција
-
Ристески: Сушата ќе го намали родот на тутунот за над 30%, ќе има само околу 18 милиони килограми