Сина дијагноза во „Мој термин“ за брза дијагноза на онколошките пациенти
Скандалот на Онкологија ја отвори пандорината кутија за безредието и проблемите во здравствениот систем. Наводите за препродажба на скапа терапија на грбот на најтешко болните е само вовед за сите пречки низ кои поминуваат онколошките пациенти. Дали болен со рак на бели дробови треба да чека 3 месеци за снимање на компјутерска томографија и уште толку за читање на резултатот, или пак, за жена со инвазивен цервикален карцином да не може да се добие термин за магнентна резонанца?
Гинеколозите со предлог до Мој термин – да воведат сина дијагноза за ваквите случаи.
-Може таа дијагноза да се нарече лоша дијагноза, тој пациент има малигна болест и со таа плава дијагноза да има за нив слободни термини, бидејќи јас секојдневно се соочувам до проблеми да не можам да закажам прегледи, вели проф. д-р Горан Димитров, Клиника за Гинекологија.
На денешниот светски ден на гинеколошките карциноми, лекарите посочија дека немаат реална слика за состојбата со рак во земјата бидејќи нема регистар. Доплнително, нема ниту систем како овие болни да не лутаат низ здравствениот систем.
-Во моментот кога на пациент ќе се постави сомнеж за карцином, не би требало во нормален здравствен систем тој сам да оди од една клиника, во друга во треета. Ако професор Димитров оперирал пациентка од карцином, да не трерба после таа да бара термин за онкологија, па за терапија, па за тој специјалист туку треба да се креира тие да бидат во иста лента.
Добивањето на онколошка дијагноза е тешко, а уште потешко е кога с есомневате во системот.
-Мора да се врати довербата во здравствениот систем бидејќи тој буквално се распаѓа. Дали знаете колку има одлив на здравствен кадар, вели Милица Кузмановска претседател нас здружението Фемина.
За да не ги осетат овие проблеми во здравствениот систем, најважна е превенцијата и раното откривање на дијагнозата. Гинеколозите со апел до жените да не чекаат 10 години по породување да посетат лекар туку често да одат на основен преглед.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар