Сиљановска-Давкова ќе учествува на Балканскиот форум за интеграција 2025 во Црна Гора

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе престојува во работна посета на Црна Гора, по повод учеството на Балканскиот форум за интеграција 2025 што ќе се одржи во Подгорица во организација на Европското движење во Црна Гора и Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија, соопштија попладнево од нејзиниот кабинет.
Предвидено е Сиљановска-Давкова да се обрати на сесијата насловена „Претседателите за ЕУ интеграциите - Имаме ли план?“, како и да оствари билатерална средба со претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ.
- Во фокусот на Балканскиот форум за интеграција се геополитичките предизвици во светот, ЕУ и регионот на Западен Балкан, како и клучните области во евроинтегративниот процес: основните човекови слободи и права, владеењето на правото, доброто управување, безбедноста, борбата против корупцијата и организираниот криминал. Покрај државни функционери од регионот, на Форумот ќе учествуваат истакнати експерти за европски интеграции и претставници од бизнис-секторот, посочуваат од кабинетот на претседателката.
МИА
Ново на Сител
-

Шведска со порака: Уставните измени мора да се спроведат
-

Ден на даночните работници
-

АДКОМ и РКЕ со иницијатива за нов тарифен модел за водните услуги
-

Да не дозволиме попреченоста да го дефинира човекот како личност
-

Преглед на вестите од светот
-

Mицкоски: Градинките и училиштата ни се приоритет, наместо платите на судиите и обвинителите
-

Teма на денот со Лилјана Поповска, поранешна пратеничка
-

Пет ученици се хоспитализирани од О.У „Димо Хаџи Димов”, причината за симптомите ќе се знае утре
