Сиљановска-Давкова ќе учествува на 4. Меѓународна конференција за финансирање на развојот во Севиља
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска ќе престојува во работна посета на Кралството Шпанија и ќе се обрати на првата пленарна сесија на 4. Меѓународна конференција за финансирање на развојот (FfD4), којашто под покровителство на Организацијата на Обединетите нации ќе се одржи во Севиља.
Како што соопштија од кабинетот на Сиљановска-Давкова, вечерва, таа ќе присуствува на официјалниот прием, којшто за шефовите на делегациите, го приредува кралот на Шпанија, Фелипе VI и кралицата Летиција.
- Целта на лидерскиот собир е изнаоѓање на решенија за справувањето со финансиските предизвици во исполнувањето на Целите за одржливиот развој и Агендата 2030, реформирање на меѓународната финансиска архитектура и поттикнување на инвестиции од страна на приватниот сектор, стои во соопштението.
На Конференцијата, на којашто е најавено учество на педесетина шефови на држави и влади, претставници на меѓународните организации, на бизнис заедниците и граѓанското општество, треба да биде усвоен „Договорот од Севиља“.
Во рамки на посетата, предвидено е претседателката Сиљановска-Давкова да одржи билатерална средба со премиерот на Шпанија, Педро Санчез.
Ново на Сител
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Васко Нумовски, поранешен амбасадор
-
Во Охрид доделено признанието „Инженерски прстен 2025“
-
Ќе има ли собраниски надзор во АНБ?
-
Партиски реакции за скандалот
-
Сиљановска: По многу бели линии, апсурдно е сега да зборуваме за црвени
-
Судење за Штекли
-
„Вардариште“ под лупа на обвинителството, кривични пријави за 3 лица