Во Охрид доделено признанието „Инженерски прстен 2025“
14 најдобри студенти кои дипломирале на македонските факултети што негуваат инженерски дисциплини добија признание Инженерски прстен.
На церемонијата на платото пред црквата „Свети Климент и Пантелејмон“- Плаошник во Охрид претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, ја нагласи исклучителната важност на инженерството во градењето на нашата држава и нејзиното приспособување на глобалните дигитални трендови.
Признанието претставува инспирација за идните студенти за нивно насочување кон инженерските струки и дополнителна мотивација за идните инженери за нивна целосна ангажираност во студиите.
„Инженерски прстен“ се одржува по 22 пат и има за цел истакнување на најдобрите студенти и промовирање на инженерството како професија значајна за развојот на државата и општеството во целина.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар