Судење за Штекли
Афектна студеност, психопатско однесување и психотична основа. Раде Трајковски Штекли рестанал да јаде месо за да ги заштити своите браќа и сестри од претходниот живот. Иако бил татко на три деца не гаел никакви чувства за нив. Имагинарен учител го водел од Ист Гејт во болница кога од зад грб беше пукано во него. Депресивни и летаргични епизоди по 48-часовна конзумација на кокаин.
Вештакот Ѓорѓе Хаџи Ангелковски го презентираше својот психолошки наод за Штекли, според кој, не е способен активно да го следи судењето.
Одговарајќи на прашања на адвокатот на Штекли, обвинителката и судијата, Хаџи Ангеловски кажа дека пред 10-тина години Штекли му бил пациент, а сега со него извршил четиричасовен разговор по кој согледал дека тој има психоза која е процесна. Односно, ако не се лечи, од привремена може да стане трајна.
Ова тврдење го темели на неговата семејна историја. Мајката на Штекли имала шизофренија, па Хаџи Ангелковски смета дека тој има 20пати поголема шанса да има шизофренија исто така. Бил жртва на семејно насилство. Неговиот татко често ја тепал мајка му.
Тврдеше и дека за време на самото рочиште Штекли имал халуцинации и можел со доволно внимание да го следи судењето.
Спротивно на тоа, обвинителството доставило изготвено психијатриско вештачење во кое се тврди дека Трајковски е апсихотичен и способен да учествува во расправата.
На следното рочиште вештакот ангажиран од Обвинителството ќе го презентира својот наод. Тоа ќе биде клучно за судот да одлучи дали Штекли е способен да му се суди или не.
Во случајот на Штекли опфатени беа 16 лица, но седум веќе клучиле спогодби и добиле затворски казни од 3 до 3,5 години. Според обвинителството, групата била добро организирана, со јасно дефинирани улоги – од набавка до продажба на кокаин и марихуана.
Дрогата се чувала во изнајмени станови, а се продавала по цени од 4.500 до 6.000 денари за грам кокаин и 200 до 300 денари за грам марихуана. Комуникацијата се одвивала преку апликацијата Snapchat.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар