Сиљановска Давкова: Апсолутно нема потреба од предвремени парламентарни избори
Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова цени дека нема потреба од одржување предвремени парламентарни избори доколку пратениците од крилото на Алијанса за Албанците што го поддржуваат Арбен Таравари излезат од владејачката коалиција.
Говорејќи како професор, таа посочи дека дека предвремени избори се потребни во услови на парализирани институциите, кога истите не можат да функционираат или кога владејачкото мнозинството е на границата на потребните 61.
- Да, има проблеми но институциите се справуваат со нив. Ќе има редовни локални избори кои го отсликуваат расположението на граѓаните. Понекогаш се лакмус за тестирање и на успешноста на власта, но апсолутно нема потреба од парламентарни избори, рече таа одговорајќи на прашање на медиумите.
Сиљановска - Давкова уште посочи дека истите оние кои сега повикуваат на предвремени избори беа најголемите противници на предвремени избори кога навистина имаше причина за тоа.
За денеска во 17 часот во Владата се очекува да се одржи средба меѓу премиерот Христијан Мицкоски и Арбен Таравари околу актуелните политички случувања. Премиерот Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Општина Штип, рече дека на средба би сакал да слушне од Таравари за која опција е тој, порачувајќи дека „со или без господинот Таравари Владата е стабилна, цврста и со големо мнозинство“ и оти останува на него и неговите сопартијци да одлучат дали, како што рече „ќе одиме по патот на реформи и владеење на право, борба за праведно општество и институции кои функционираат или ќе се придружат и коалицираат со оние политички сили кои со години ја криминализираат и уништуваат државата“.
Ново на Сител
-
Tема на денот со Владимир Божиновски
-
Средба Мицкоски-Таравари за иднината на Алијанса во Владата
-
Средба Мицкоски-Таравари за иднината на Алијанса во Владата
-
Партиите забрзано се подготвуваат за изборите
-
Сиљановска-Давкова: Изјавата на Ахмети е притисок врз судската власт
-
Четворица повредени од пожарот во Кочани кои беа на лекување во Турција цела вечер останале на аеродромот во Истанбул
-
СЗДСМ – Сите лица со дијабет тип 1 да имаат инсулински пумпи!
-
Претседателката: Обиди за бришење на македонскиот јазик во различни форми