Силен земјотрес од 5,8 степени го стресе регионот

Зeмјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтер беше регистриран денеска во југоисточниот турски округ Адијаман, јави турската телевизија „Си-Ен-Ен-Турк“, повикувајќи се на информациите од Сеизмолошката опсерваторија „Кандили“.
Епицентарот на земјотресот се наоѓа во регионот на градот Самсан, а бил почувствуван во целиот округ Адијаман, како и во окрузите Газиантеп, Килис, Батман и Шанлијурфа.
Земјотресот е регистриран во 13.07 часот, по локално време, на длабочина од 10 километри.
Засега нема информации за нанесени материјални штети или повредени лица.
Според податоците на турската Дирекција за управување со катастрофи и вонредни ситуации, земјотресот бил со јачина ос 5,5 степени според Рихтеровата скала.
Земјотресот бил проследен со земјотреси со јачина од 4,2 и 4,4 степени според Рихтер.
Ново на Сител
-

Андоновска: СДС да се дистанцирта од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција
-

Преглед на вестите од светот
-

Неизвесна судбината на Лукоил во Европа
-

Директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството осомничен за примање поткуп од 50 илјади евра
-

Тема на денот со Јане Војаџиевски, новинар од Вашингтон
-

Тема на денот со Мирјана Пантиќ, универзитетска професорка од Њујорк
-

Директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството осомничен за примање поткуп од 50 илјади евра
-

Ремонт на градски воз
