Џет-Сет
1. јуни 2016 - 22:04

Шварценегер имаше блиска средба со слон на сафари

Филмската ѕвезда и поранешен гувернер на Калифорнија Арнолд Шварценегер доживеал вистинска авантура во Африка, кога сафари возилото било нападнато од слон.

„Некои од нас подоцна мораа вешот да го менуваат“, напиша актерот на Твитер и постави видео од 30 секунди од средбата со слонот.

Животното прво се појавило пред возилото, потоа слегло од патот, завртело околу комбито и забрзано пошло кон него одзади. Возачот успеал да забрза и да му побегне на слонот.