Швајцарија издаде дозвола за итна употреба на вакцината на „Фајзер“ и „БиоНТек“
Швајцарската Агенција за регулација на лековите „Свисмедик“ денеска издаде дозвола за итна употреба на вакцината изработена од компаниите „Фајзер“ и „БиоНТек“, оценувцајќи дека станува збор за прво одобрение во светот што ја минало стандардната процедура.
Британскките медиуми пренесуваат дека „Свисмедик“ дозволата за итна употреба ја издаде два месеци по поднесување на апликацијата, во постапка на разгледување на приложената документација, што е ажурирана и редовно прегледувана.
„Податоците што во моментов ни се достапни покажуваат висок степен на ефикасност, безбедност и квалитет на вакцината во сите возрасни групи вклучени во испитувањата“, се наведува во соопштението на швајцарската Агенција за регулација на лекови.
„Свисмедик“ ги разгледува и апликациите за добивање дозвола за итна употреба на вакцини изработени од компаниите „Модерна“ и „АстраЗенека“.
Ново на Сител
-
Муцунски во посета на Казахстан: Во фокусот економската и политичката соработка
-
Скопјанец приведен за семејно насилство
-
70-годишен велосипедист од Охрид тешко повреден во сообраќајка
-
43-годишник почина по каснување од пчели во гостиварско
-
Пропадна уште еден обид за конституирање на Собранието на Косово
-
Покрај Крмзов обезбедени уште две лица - Обвинителството за утре најави брифинг за случајот
-
Околу 60 демонстранти приведени во Сан Франциско
-
Фон дер Лајен: Ако не ги заштитиме океаните ја ризикуваме нашата иднина