Фудбал
27. March 2016 - 11:49

Англија победи во Берлин

Во ефикасен натпревар со пет постигнати погодоци синоќа во Берлин, англиската фудбалска репрезентација ја совлада Германија со 3:2. Головите за Германија ги постигнаа: Крос и Гомез, додека стрелци кај Англија беа: Кејн, Варди и Дајер.
 
На другите пет пријателски меѓудржавни натпревари гостинска победа забележа само Казахстан, а најубедливи беа фудбалерите на Полска на тестот со Финска.
 
Постигнати резултати:
 
Азербејџан – Казахстан 0:1
 
Русија – Литванија 3:0,
 
Австрија – Албанија 2:1,
 
Полска – Финска 5:0,
 
Унгарија – Хрватска 1:1 и 
 
Германија – Англија 2:3.