Штитеник на старечки дом во Белгија уби двајца свои состанари, а рани трет
Штитеник на дом за стари лица во градот Дентергем во западниот дел на белгискиот регион Фландрија со нож нападна тројца свои состанари, убивајќи двајца од нив и нанесувајќи му сериозни повреди на трет.
Градоначалникот на Дентергем, Кунрад Дегроуте, кој утрово го посети домот, изјави дека при овој „шокантен настан“, две лица починале на самото место, додека третото е во критична состојба и е преносно во болница.
Како што јави белгиската државна телевизија ВРТ случајот бил забележан од негувателите во домот во текот на ноќта, кои веднаш ја известиле полицијата и повикале брза помош.
Осомничениот напаѓач, чиј идентитет не е соопштен, е приведен во полициска станица, а на местото на настанот увид вршат форензички тимови.
Мотивите за нападот засега не се познати.
- За домот за стари лица и за општината ова е шокантен настан. Нашите мисли сега, пред сè, се со жртвите и нивните семејства, изјави Дегроуте.
Ново на Сител
-
A1 со нови услуги за клиентите го прославува 6 роденден
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за депонијата во Вардариште
-
30 дена притвор за три лица за палењето на Вардариште
-
За Кочани се уште нема кандидат за градоначалник
-
90 години Хидробиолошки завод - Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Алиу: Осум досиеја на пациенти стигнаа до интерната комисија
-
Преглед на вестите од светот