Штипскиот универзитет го објави конкурсот за уписи на студенти во прва година
Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип го објави Конкурсот за упис на студенти во прва година во академската 2017/2018 година. Согалсно со барањата на Универзитетот, слободни места има за 5200 студенти на 12 факултети и на три академии.
- Првиот уписен рок ќе биде на 14-ти, 15-ти и 16 август. Вториот на 24-ти и 25 август, а третиот на 4-ти и 5 септември. Организацијата ќе биде како и сите години досега на едно место и на дисперзираните студии, односно во наставните центри на УГД во Струмица, Кавадарци, Прилеп, Радовиш и Скопје, изјави Кирил Барбареев, проректор на УГД-Штип.
Тој истакна дека Министерството за образование и наука излегло во пресрет на барањата на Штипскиот универзитет за отворање студиска програма по класична гитара на Музичката академија.
- Нов момент е и студиската програма по педагогија, која подолго време беше во мирување и е веќе со соодветен број кандидати кои може да ги запише Факултетот за образовни науки. Тоа се новостите во конкурсот, рече Барбареев.
Според одредбите од конкурсот, Штипскиот универзитет нема да им наплатува партиципација на студенти без родители, лица со инвалидност од прв степен, на воени инвалиди, лица одгледани во домови за деца без родители, а новина од оваа акдемска година е тоа што студентите кои растеле само со еден родител ќе плаќаат половина од износот на партципацијата.
Ново на Сител
-
Формирана стручна комисија која ќе испитува дали има лекарски пропуст кај починатото дете од Кавадарци
-
Нема драстично поскапување на основните прехранбени производи вели Дурмиши
-
Грантови до 10.000 евра за невработени лица кои сакаат да започнат бизнис
-
Преглед на вестите од светот
-
Повозрасните кочанчани погодени од трагедијата утеха бараат во алкохолот, неместо кај психолог
-
Избор на нов министер за здравство во Собранието
-
Две нови мерки за вработување
-
Лицата со телесен инвалидитет со порака да бидат видени