Штип одбележа 76 години од бомбардирањето на градот
Со комеморација на спомен-релјефот кај Народниот театар-Штип и полагање букети цвеќе од претставниците на Општинската организација на Сојузот на борци-Штип, градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев, делагации од Советот на Општина Штип, државни институции и од политички партии денеска се одбележаа 76 години од бомбардирањето на градот.
Секретарот на ОО на Сојузот на борци-Штип, Петар Мицевски во пригодната реч истакна дека на денешен ден во раните утрински часови германските авиони полетале од базите од Бугарија, при што од фашистичкото бомбардирање загинале околу 200 штипјани и војници на тогашната Брегалничка дивизија на војската на Кралска Југославија.
Градоначалникот на Општина Штип, Захариев вели дека овој дел од нашата историја не смееме да го заборавиме.
- Тој дел од историјата беше почетокот на самоорганизирањето на македонскиот народ, кој тогаш, како Македонија беше распрачена, рече Захариев.
Пред 76 години фашистичкиот окупатор во првиот налет ја бомбардирал Соколаната, каде што сега е и Народниот театар-Штип, во кој биле сместени две воени единици на Кралска Југославија, а во вториот налет авионите ги бомабардирале тврдината „Исар“, околните маала и штипската Болница.
Ново на Сител
-
80 години Универзитетска библиотека Свети Климент Охридски
-
Службите кубурат со опрема и кадар
-
Општините немаат доволен број комунални инспектори, а слаба е и казнената политика
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски во вински саем во Белград - Средба Мицкоски со Вучиќ
-
ЈСП има нафта за 7 дена - Што потоа? Владата ќе набавува електрични автобуси
-
Тема на денот со Методи Хаџи Јанев, професор по безбедност
-
Мицкоски во Белград на средба со Вучиќ и Вучевиќ