Македонија
24. November 2024 - 17:43

Ахмети: Без Aлбанците, Македонија нема иднина

Без албанците, Македонија нема иднина – ваква порака испрати али Ахмети од Швајцарија на настан по повод првото соопштение на УЧК. Во својот получасовен говор, лидерот на ДУИ ја нагласил загриженоста за состојбите со правата на Албанците во Македонија.. Легитимитетот на актуелната влада и употребата на албанскиот јазик, биле централни теми за Ахмети.

Политиката на најголемата владејчака партија ја нарече националистичка и како што истакнал, штетна за двете најголеми зедници во државата.

„Мицкоски, не може да формира влада без легитимитет од Албанците, затоа што ние освоивме над 60 отсто од гласовите во албанскиот електорат“, истакнал Ахмети. 
Претседателот на ДУИ предупреди и за опасноста од руското влијание во земјата, истакнувајќи дека евроатланскиот пат и партнерството со САД се единствена алтернатива за Македонија. 

Во меѓувреме, од Владата велат дека руските закани кон земјите кои Украина ја помагаат со оружје, а меѓу нив и земјава, не се опасност за државата.. Сите информации укажувале на стабилна безбедноста состојба. Инаку, за легитимни мети, Русија ги наведе сите воени инсталации во земјите кои за обезбедуваат оружје со долг дострел за Украина. Дозвола за нивна употреба веќе дадоа САД и Велика Британија..