Штајнмаер до Ердоган: Не го уривај она што се градело со години
Претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајмаер, кој денеска положи заклетва на оваа функција, во својот прв претседателски говор го предупреди турскиот колега Реџеп Таип Ердоган дека ризикува да го уништи сето она што неговата земја го градела со години.
Меѓу Турција и Германија, но и со други европски држави, постои раздор поради желбата на турските власти да одржуваат митинзи меѓу европската дијаспора со цел обезбедување поддршка за Референдумот во Турција закажан за 16 април, а со кој се предвидуваат проширување на овластувањата на шефот на државата. Европските држави не даваат дозвола за одржување такви собири, што направи подлабок раздор во односите на Турција и другите земји.
- Начинот на кој гледаме на Турција е окарактеризиран со загриженост дека се она што се градело со години и децении се уништува, изјави Штајнмаер во инаугуративниот говор.
Турција во повеќе наврати ја обвини Германија дека користи „нацистички тактики“ со забраните на митинзи.
- Престанете со ужасните нацистички споредби. Не ги пресекувајте врските со оние луѓе кои сакаат партнерство со Турција. Почитувајте го владеењето на правото и слободата на медиумите и новинарите. И ослободете го Дениз Јуцел, изјави Штајнмаер.
Јуцел е дописник за германскиот весник „Велт“ кој има турско и германско државјанство, а беше уапсен минатиот месец во Турција.
Ново на Сител
-
Битoлски хирург фатен како прима поткуп по направена операција на жолчка
-
Мицкоски најави ригорозни контроли во маркетите
-
Според СДСМ задолжени се следните три поколенија, премиерот очекува унгарскиот кредит да го раздвижи стопанството
-
За нова цена на парното Регулаторна ќе одлучува до крајот на неделава
-
Левица со предлог измени на закон
-
Девет амбасадори се враќаат дома – иницијатива за именување на 4 нови
-
На онкологија почна да стигнува дел од терапијата која беше дефицитарна
-
Ниту Институтот по филозофија при УКИМ не ја одобрува новата концепција за гимназиско образование