Шок: Сестрата ја убила Јасмина па ја криела во замрзнувач 19 години, уапсена жена (45) за убиство кое го потресе регионот
Хрватската полиција во саботата вечер ја уапаси 45-годишната жена која е осомничена за убиство на Јасмина Доминиќ, чие тело 19 години по исчезнувањето е пронајдено во замрзнувач во семејната во селото Паловец.
Според неофицијалните информации, станува збор за сестрата на Јасмина Доминиќ, С.Д. од Паловец, родена 1974 година.
„Мислам дека е пронајдена во замрзнувачот во подрумот. Јасмина не беше ни висока, ни силна, па претпоставуваме дека не било тешко да се пикне во замрзнувачот. Згрозени сме, зошто тие цело време живееја во таа куќа, а често и поминувале покрај него. Дали можеби зетот одел по месо, или барал по замрзнувачот, не знаеме точно. Се ежиме кога само и ќе помислиме на тоа“, велат мештаните од улицата во која е и куќата на Јасмина.
„Кога слушнавме дека им е исклучена струјата во куќата почна ужасно да смрди. Некој отиде да провери во замрзнувачот и го пронајдоа телото завиткано во целофан“, рече друг сосед.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Славица Арсова, директорка на Клиника за психијатрија
-
Пет пациенти кои се лекуваат во странство се во критична состојба
-
Од утре почнува исплатата на итна и првична помош за семејствата зафатени од несреќата во Кочани
-
ЗЕЛС: Координирана вонредна контрола во сите општини
-
Уапсени 17 лица кои пуштале музика во 7 дневна жалост
-
Владата апелира да се избегнува каква било политизација на случајот
-
Охриѓани им оддадоа почит на жртвите
-
ТППЕ Охрид - Голема е опасноста од блоковски пожари