Шест лица повредени во сообраќајка во близина на Лешок
Шест лица се повредени од кои тројца потешко во сообраќајната несреќа што се случи на регионалниот пат Тетово - Јажинце во близина на селото Лешок.
Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски информира дека сообраќајната несреќа се случила во 16 часот и 10 минути, а во неа учествувале две патнички возила од кои едното „БМВ“ со тетовски таблички управувано од 16-годишен малолетник од Слатино и „шевролет авео“ со тетовски таблички управувано од 28-годишниот М.А. од Џепчиште.
- Во несреќата, 16-годишниот малолетник се здобил со тешки телесни повреди и од Тетовската клиничка болница како итен случај е препратен на скопските клиники и се наоѓа во животна опасност, изјави Јосифовски.
Во Тетовската клиничка болница биле донесени и жената која го управувала шевролетот, нејзините две деца и сопатникот. Кај едно од децата се констатирани потешки повреди, а тешко повреден бил и работник на бензинската пумпа на „Лукоил“ кој се здобил со скршеница на ногата и е задржан на лекување.
По овластување на јавениот обвинител увид на местото извршила екипа од СВР Тетово и според првичните информации причина за несреќата е преголемата брзина и недржењето страна. Двете возила имаат големи оштетувања. Малолетникот најверојатно немал соодветна возачка дозвола, а возилото што го управувал, не било регистрирано.
- Се работи на целосно расчистување на околностите поврзани со оваа сообраќајка, посочи Јосифовски.
Ново на Сител
-
Предизборен карван на ВМРО-ДПМНЕ во Новаци, Могила и Битола
-
Предизборен карван на СДСМ во Дебарца, Вевчани, Струга и Охрид
-
Тема на денот со Горан Герасимовски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Општина Центар
-
Преглед на вестите од светот
-
Одобрено обвинението за пожарот во Пулс
-
Сопствениците на диви депонии во Вардариште седнаа на обвинителна клупа
-
Ветувања од власта: Поширок булевар во Чаир, чист Центар, стипендии за повредените во Кочани
-
Шукова ќе го воведе БРТ системот за поефикасен градски јавен превоз