Шеснаесет пливачи и пливачки ќе учествуваат на 38. Охридски пливачки маратон
Шеснаесет пливачи од шест држави ќе учествуваат на 38. издание на Охридскиот пливачки маратон што ќе се одржи утре во водите на Охридското Езеро од Свети Наум до Охридското пристаниште.
Дваесет и пет километарската патека „Климе Савин“ ќе ја пливаат 10 маратонци и шест маратонки.
Во женска конкуренција ќе настапат пливачките: Елена Лионело - Италија, Росана Гошева - Македонија, Алисја Гедриш - Полска, Милица Љубисављевиќ - Србија, Ерика Абигал Јенсен - Аргентина, Мајте Ајлен Пука - Аргентина. Настапот на Охридскиот пливачки маратон, поради повреда го откажа пливачката од Турција Еда Сајин.
Во машка конкуренција ќе се натпреваруваат 10 пливачи од кои четворица се од Македонија - Александар Илиевски, Леонид Мишевски, Петар Цеков и Лазар Поп Трајков, потоа Акуилес Балаудо и Матиас Дијас Хернандес од Аргентина, Италијаните Федерико Тамборино, Марко Инглима и Матео Фурлан, како и Хуго Риберио од Португалија.
Организатор на маратонот е плувачкиот клуб „Охридски бранови 2008“, а се одржува под покровителство на претседателката на државата Гордана Сиљановска - Давкова, Министерството за спорт, Пливачката асоцијација на Македонија и Општина Охрид.
Наградниот фонд, како што информира организаторот, изнесува 15.000 евра.
Охридскиот пливачки маратон и оваа година е дел од Фестивалот на спортови на вода (Ohrid Water Festival).
МИА
Ново на Сител
-
Тема на денот: Каква е статистичката слика за локалните избори
-
Три нови уролошки процедури
-
Преглед на вестите од светот
-
Гласаат затворениците, болните и изнемоштени лица и оние сместени во установи за вонсемејна грижа
-
Кондарко: Исправена е печатната грешка на гласачките ливчиња во Ново Село
-
Во Прилеп гласаат 297 болно и изнемоштено лице, 63 штитеници во Домот за стари лица и 119 осудени лица во КПД Прилеп
-
Гласање на болни и изнемоштени и осуденици во затвор - Штип
-
Во понеделник интервју на кандидатите за судија во Судот во Стразбур