Шекеринска: Имаме план за младите во Македонија
Носителка на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ5, Радмила Шекеринска на денешните средби со граѓани од Струга и струшко разговараше за проблемот со иселувањето.
Младите во нашата држава, како што рече, не можеа да ги остварат соништата дома и затоа заминуваа низ белиот свет, таму формираа семејства, таму ги селеа своите семејства и таму создаваа шанси за пристоен живот.
- Ние имаме план за младите во Македонија. Имаме план за живот во Македонија. Тој план подразбира повеќе работни места и подобро платени работни места, истакна Шекеринска.
Посочи дека во нивниот „План за живот во Македонија“ предвидуваат минималната плата веднаш да ја покачат на 12 илјади денари, а на крајот на мандатот постепено да се зголемува и да изнесува 16 илјади денари.
Најави дека паралелно со зголемувањето на минималната плата ќе ги зголемат платите во здравството и во образованието.
- Со серија на мерки со зголемување на минималната плата, со поддршка на домашните компании, со зголемувањето на платите во здравството, и во образованието ќе обезбедиме просечната плата во Македонија да изнесува 30 илјади денари. На тој начин ќе го враќаме животот во Македонија, на тој начин ќе обезбедиме шанси за сите во Република Македонија, рече Шекеринска.
Ново на Сител
-
Поранешната антикорупционерка Татјана Димитровска седна на обвинителна клупа
-
ВМРО-ДПМНЕ вечерва во Струга и Ресен
-
Шукова: Вардариште ќе биде модерна европска претоварна станица
-
Османи ветува одлучна борба со корупцијата во Чаир
-
Меџити: Нови училишта и градинки во Чаир
-
Падот на наталитетот е сериозен проблем и прв приоритет на владата
-
Протест на вработените во „Паркови и зеленило“
-
Продолжи судењето за таткото што претепа двајца малолетни фудбалери на ФК „Брегалница“ - Штип