Шекеринска и Димитров од утре ќе учествуваат на Минхенската безбедносна конференција
Од утре до недела во Минхен на 54. Минхенска безбедносна конференција ќе учествуваат вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска и шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.
На конференцијата најавено е присуство на секретарот за одбрана на САД, Џејмс Матис, генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, британската премиерка Тереза Меј, претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, високата претставничка за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини и еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан.
Годинава во фокусот на конференцијата ќе бидат дебатите за улогата на ЕУ како глобален актер и нејзините односи со НАТО, САД и Русија, растечката закана за либералниот меѓународен поредок, конфликтите на Блискиот Исток; заканите од тероризмот, состојбите во Африка и политичките случувања во регионот Сахел. Учесниците ќе дебатираат и за прашањата за заштита на животната средина и за сајбер безбедноста. Посебен акцент ќе биде ставен и на прашањата за контрола на оружјето и особено на тензиите околу програмата за нуклеарното оружје на Северна Кореја.
Македонските министри ќе учествуваат на повеќе панели посветени на транс-атлантската безбедност, соработката на НАТО и ЕУ и други теми, а предвидено е да остварат и повеќе билатерални средби.
Минхенската безбедносна конференција се етаблираше како водечки глобален форум на кој бројни политички лидери, шефови на држави и влади, министри, водечки личности од меѓународните организации, високи претставници од индустријата, медиумите, академијата и граѓанското општество, дискутираат за актуелните и идните безбедносни предизвици.
Ново на Сител
-
Еден пилот и ниту еден ер трактор - како ќе се гаснат летово пожарите?
-
Тема на денот со Арбен Таравари
-
Превирања помеѓу народот и црквата
-
Заврши истрагата за 46 осомничени за пожарот во “Пулс”
-
Евалуацијата на повредените во “Пулс” ќе заврши до крајот неделата – досега прегледани 140 пациенти
-
Бугарија со нова резолуција за Македонија- македонците партии лобираат кај сестринските партии
-
Дали Македонија ќе стане една изборна единица? Независните бараат кандидатура со 50 потписи
-
Ѓорѓиевски: За 20 дена ќе се знаат сите кандидати за градоначалници