-->
-->
Шекеринска - Бошковиќ: Македонија заслужува да биде следната членка на НАТО
-->

На средбата со црногорскиот министер за одбрана, како што соопшти Министерството за одбрана, било заклучено дека Македонија и Црна Гора имаат исклучителна блиска одбранбена соработка која ќе продолжи да се развива и во иднина.
Министерката Шекеринска се заблагодарила за големата поддршка која Македонија ја добива од Црна Гора за членство во НАТО, истакнувајќи дека Македонија превзема решителни чекори за домашни реформи, но и за решавање на долгогодишниот спор со Грција.
Министрите заклучиле дека брзата евроатлантска интеграција ќе влијае на зацврстување на мирот и безбедноста и ќе отвори пат кон економски развој и просперитет на целиот регион.
- Македонија го заслужи членството во НАТО со бројните реформи. Нашето членство носи стабилност за целиот регион, истакнала министерката по средбата.
Во контекст на тоа посочила дека одлуката на НАТО за прием на Црна Гора покажа дека политиката на отворени врати функционира.
Според неа, таа одлука за нас е потсетување и инспирација. Потсетување дека државите може да испуштат или да создадат историска шанса и инспирација дека високите амбиции на малите држави може да се реализираат.
Министерот за одбрана на Црна Гора нагласил дека односите меѓу Црна Гора и Македонија се пример за соработка во регионот. Тој додал дека двете држави делат заедничка иднина и дека Црна Гора сака да ја види Република Македонија како членка на НАТО.
- Црна Гора смета дека Македонија заслужува да биде следната членка на НАТО, тоа придонесува за стабилноста на регионот, истакнал тој.
Министерот Бошковиќ посочил дека двете држави имаат одлична соработка изразена преку конкретни активности како што се заеднички вежби за одговор во кризи и вежби за планинско војување, како и преку придонесот на двете држави во глобална безбедност во меѓународните мисии.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Европски Куп на ЕХФ: Алкалоид го совлада Рунар во првиот полуфинален натпревар
-
МВР со детали за сообраќајката кај Зелениково
-
Тешко повреден 14-годишен мотоциклист во Велес
-
Студентите во блокада остануваат пред РТС до исполнување на нивните барања, за власта тоа е незаконски начин
-
Хамилтон: Знам дека фановите на Ферари не се задоволни од мене
-
Гаши: Останувам во коалицијата „Влен“
-
Песков: Путин не дал никаква наредба за продолжување на велигденскиот прекин на огнот
-
Воз удри во автомобил на железничкиот премин кај Зелениково