-->
-->
Шалтерите на Катастарот денеска и утре нема да работат
-->
Електронскиот шалтер, шалтерите во Центарот за катастар на недвижности во Скопје, како и одделенијата за катастар на недвижности низ Македонија денеска и утре нема да примаат барања и да издаваат податоци.
Причината за ова е надоградба на електронскиот систем со нови хардверски решенија.
- По надоградбите на електронскиот систем и хардвер, Катастарот ќе ги подобри своите капацитети за реализација на идните проекти, ќе се зголеми безбедноста на податоците и ќе се подобри брзината на решавањето на предметите и издавањето на податоците, информира Агенцијата за катастар на недвижности.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Сашо Клековски - Директор на ФЗО
-
Преглед на вестите од светот
-
ДИК го усвои упатството за помал број на советнички места во дел од општините
-
Левица најави кандидат за Скопје - Партиите со заострена реторика за локалните избори
-
Николоски тврди: ЕУ ги пролонгира новите правила за влез и излез за македонските граѓани
-
Само 4ИГ достави понуда на тендерот за 3 мобилен оператор
-
Три концесии за експлоатација на минерални суровини еднострано раскинати
-
Владата најавува системско решение за Ѓавато и Дојранското Езеро