-->
-->
Шаклевски: Заев едно зборува, друго прави- еве за што излажа
-->
Како да им верувате на луѓе кои едно зборуваат а друго прават. Зоран Заев негираше се’ што до сега вети, обвинува Благој Шаклевски од ВМРО-ДПМНЕ Битола.
-Вети плата од 500 евра, а просечната плата до сега е намалена за цели 420 денари, вети зголемување на субвенциите за земјоделците за 10 %, а се заканува дека ќе им ги укине. Вети филтри во РЕК, а зад грбот работи на негова продажба, вети транспарентност, а преговара и склучува штетни договори за Македонија без знаење на граѓаните и инстотуциите. Вети вработувања, а за пет месеци нема ниту една единствена ова нинвестиција , туку одвраќање и притисок врз договорените инвеститори. Вети слобода, а медиумите се под голем притисок и тортура, вети правда – а ослободува осудени криминалци. Вети мир – а планира доселување на 150.000 мигранти во 17 општини меѓу кои и Битола. Вети живот – а имаме небезбедност, насилство и смрт, и тоа убиство на кандидат за локалните избори. Ова мора да прекине и да биде казнето. Шансата е на 15 октомври кога заеднички ќе кажеме НЕ на помрачувањето наречено Зоран Зааев и неговите погубни политики за Македонија и Битола. Ќе ги спречиме, рече Шаклевски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Илјадници верници во Ватикан чекаат „бел чад“
-
Литија со моштите на Свети Георгиј ја освети Струга
-
Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и вице премиер
-
Првиот приватен универзитет во Македонија АУЕ–ФОН одбележува 22 години од основањето
-
Милановиќ: Македонија не смее да биде жртва на уцени за членство во ЕУ
-
Мицкоски: Не смееме да заборавиме – криминалците се шетаа слободно, денеска законот важи за сите
-
„Најголема енергетска инвестиција во последните 10 години“ - Почнува изградбата на интерконекторот со Грција
-
Таравари со една нога надвор од Владата