Македонија
9. јуни 2022 - 13:13

Шаќири го честиташе крајот на учебната година: Сите ние бевме на висина на своите задачи

Денес завршува учебната 2021-2022 година. И оваа, како и претходната беше полна со предизвици, но искуството од минатото не научи како останеме обединети и како полесно да ги надминуваме ситуациите кои повеќе не можат да не изненадат.

Сите ние, институциите на системот, наставниот кадар, учениците, родителите и старателите, бевме на висина на своите задачи.

Успеавме да победиме при најтешкото соочување, тоа со пандемијата која овој пат не дозволивме да го забави воспитно – образовниот процес и правилниот развој на генерациите. Напротив, дури и во вонредни околности со забрзано темпо го продолживме реформирањето на образовниот систем, а за тоа искрено сум благодарен на мотивираноста на наставниците, но и на желбата на учениците за подобро утре.

Продолживме со вложувања во образовната инфраструктура, во изградба и опремување на нови училишта и спортски сали и во реконструкција на постојните објекти. Продолжуваме и со изработка на нови наставни програми и учебници. Се договоривме со наставниците од септември да добијат повисоки плати за 15%, а изработивме и понудивме низа нови законски решенија со кои наставниците и учениците добиваат нови права и бенефиции и за нив треба да одлучуваат пратениците во Собранието. Го забрзавме процесот на дигитализацијата и тоа и натаму ќе биде еден од нашите врвни приоритети. Се мобилизиравме и успеавме да го организираме полагањето на државната матура. Го започнавме првото државно тестирање чија цел е преку резултатите од учењето да ги увидиме слабостите на образовниот систем на кои во иднина ќе се посветиме. Учествувавме во меѓународното ПИСА тестирање за да увидиме дали и колкав јаз постои во знаењата на нашите ученици и нивните врсници од други земји, а спроведовме и пробно ТИМСС тестирање.

Упатувам честитки за стекнатото знаење и постигнатите успеси до сите учениците и нивните семејства! Им се заблагодарувам за максималната посветеност и добро завршена работа на сите наставници, стручните служби и други вработени во основните и средните училишта!

На учениците кои се запишуваат во средно или на факултет, им посакувам да успеат во тоа таму каде што посакуваат, а потоа и тие како и сите други добро да се одморат и подготват за ново поглавје од животот. Ние, раководствата и вработените во МОН, во другите образовни институции и установите ќе продолжиме да работиме. Темпото кое го наметнавме, нема да дозволиме да спласне. Мораме добро да се спремиме за идната учебна година.

Од септември продолжуваме со заедно. Само обединети сили даваат повидливи резултати!

Бидете живи и здрави!

 

 Јетон Шаќири, министер за образование и наука