Македонија
27. November 2025 - 14:01

Возел со 2,51 промили алкохол и предизвикал сообраќајка, приведен 58 годишен маж

На 26.11.2025 околу 23:30 часот на магистралниот пат А3, на излез од Македонска Каменица, полициски службеници од ПО за БПС Делчево го лишија од слобода М.П.(58) од с.Дулица, Македонска Каменица.

При преземање на мерки по претходно случена сообраќајна несреќа, во која учествувал М.П. со патничко возило „опел“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, било констатирано дека тој е под дејство на алкохол, односно дека во крвта има 2,51 промили алкохол.

Ново на Сител