Македонија
27. November 2025 - 14:55

Две години од монструозното убиство на Вања Ѓорчевска

Денес се навршуваат две години од свирепото убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска, случај кој ја потресе целата држава. Девојчето исчезна на 27 ноември 2023 година, а неколку дена подоцна беше пронајдено мртво, по брутално киднапирање и убиство.

За злосторството, Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев беа осудени на единствена казна – доживотен затвор, по десетмесечен судски процес во Основниот кривичен суд Скопје.

Трагедијата остави длабоки траги кај семејството и јавноста, а случајот останува едно од најмонструозните злосторства во поновата македонска историја.

Ново на Сител