Свет
26. December 2017 - 8:21

Северна Кореја се подготвува да лансира разузнавачки сателит, тврди јужнокорејски весник

Северна Кореја, чија вселенска програма според некои експерти е само параван за нејзината нуклеарна програма, се подготвува да лансира нов сателит, објави јужнокорејскиот весник „Чунан илбо".

Минатата недела, Советот за безбедност на ОН го изгласа деветтиот сет санкции за да го принуди Пјонгјанг да се откаже од своите, забранети - нуклеарна и ракетна програми, како и од лансирањето сателити.

- Неодамна, од разните канали дознавме дека Северот го завршил новиот сателит наречен „Кванмионсон-5“, изјавил извор од јужнокорејската влада за весникот.

„Тие планираат да лансираат сателит опремен со камери и телекомуникациска опрема во орбитата ", додаде тој.

Според јужнокорејските разузнавачки служби, сателитот може да биде лансиран од мобилна единица, а не од вообичаената ракета „Сохе“.

Во октомври, заменикот-амбасадорот на Пјонгјанг во ОН Ким Ин- рион-Рене изјави дека неговата земја следи четиригодишен план (2016-2020 година) за развивање „сателити, кои водат кон економски развој и подобрување на условите за живот на населението". Тој истакна дека Северна Кореја „успеала да дојде до фаза на практично разработување на своите сателити", со успешното, според Пјонгјанг, изнесување во орбитата  на сателитот Кванмионсон-4,  во февруари 2016 година.

Според експертите, Кванмионсон-4 не успеа да испорача какви било сигнали, што значи дека не функционира.