Северна Кореја се подготвува да лансира разузнавачки сателит, тврди јужнокорејски весник
Северна Кореја, чија вселенска програма според некои експерти е само параван за нејзината нуклеарна програма, се подготвува да лансира нов сателит, објави јужнокорејскиот весник „Чунан илбо".
Минатата недела, Советот за безбедност на ОН го изгласа деветтиот сет санкции за да го принуди Пјонгјанг да се откаже од своите, забранети - нуклеарна и ракетна програми, како и од лансирањето сателити.
- Неодамна, од разните канали дознавме дека Северот го завршил новиот сателит наречен „Кванмионсон-5“, изјавил извор од јужнокорејската влада за весникот.
„Тие планираат да лансираат сателит опремен со камери и телекомуникациска опрема во орбитата ", додаде тој.
Според јужнокорејските разузнавачки служби, сателитот може да биде лансиран од мобилна единица, а не од вообичаената ракета „Сохе“.
Во октомври, заменикот-амбасадорот на Пјонгјанг во ОН Ким Ин- рион-Рене изјави дека неговата земја следи четиригодишен план (2016-2020 година) за развивање „сателити, кои водат кон економски развој и подобрување на условите за живот на населението". Тој истакна дека Северна Кореја „успеала да дојде до фаза на практично разработување на своите сателити", со успешното, според Пјонгјанг, изнесување во орбитата на сателитот Кванмионсон-4, во февруари 2016 година.
Според експертите, Кванмионсон-4 не успеа да испорача какви било сигнали, што значи дека не функционира.
Ново на Сител
-
Три лица повредени, меѓу нив и малолетник кога возило излета од патот во Скопско
-
Во тек е кампањата „Носи кацига“
-
Две тела пронајдени во запален стан во Нови Сад
-
Царинска управа: Спречено криумчарење на два тона месо штетно за здравјето на граѓаните
-
Воз удрил во автомобил во Драчево
-
Драматично спасување на заробен човек во длабока тиња и кал во реката Пчиња
-
Орбан неочекувано ја посети Кина
-
Детали од вчерашната сообраќајка во Охрид - Загина 23 годишен мотоциклист