Loading Video...
Свет
4. July 2024 - 16:28

Преглед на вестите од светот

Во Велика Британија се оддржуваат парламентарни избори. 46 милиони гласачи имаат право да го изберат новиот состав на долниот дом на Парламентот, кој има 650 пратеници.

За формирање влада потребно е мнозинствоо од 326 пратеници. Предизборните анкети предвидуваат крај на 14 годшното владеење на кознерватиците и голема победа за лабуристите на чело со Кир Стармер. Според проекциите, лабурситичката партија ќе  освои 484 пратеници, а Конзервативната партија предводена од премиерот Риши Сунак, само 64 места, што би бил најнизок изборен резултат од основањето на партијата во 1834 година. Третото место, со 61 пратенички мандат според анкетите ќе и припадне на десничарската партија Реформа, предводена од Најџел Фараж, чија кампања се темелеше на критики  за владата за неуспехот да се контролира имиграцијата. Другите партии ќе имаат незначителен број пратеници.

САД и доделија на Украина нов пакет воена помош, вреден 150 милиони долари. Ракети хок, муниција за артилериски ракети системИ со висока  мобилност Химарс , проектили  ТОВ, противоклопни системи џавелин е дел од пакетот, кој како што соопшти Пентагон  ќе помогне во зајакнување на одбраната на Украина од руските напади. Шефот на украинската држава Зеленски му се заблагодари на америкаскиот претседател  Бајден за новата пратка  воена помош. Украина очекува да добие и поголема воена поддршка од НАТО, по одржувањето на НАТО самитот идната недела.

Деновиве руската престолнина Моксва погодена од топлотен бран. Живата на термометарот доастгина 33 степени. Московјани се освежуваат  во бројните фонтани, реки и паркови во градот.

Градските власти  распоредија камиони поставени со резервоари за вода и црева кои прскаат млаз вода по улиците, обезбедувајќи освежителна магла за пешаците и за возачите.  Високите температури  во Москва,според метеоролошки извештаи ќе се задржат уште неколку дена.