-->
-->
Северина ќе полуди кога ќе види што се дозна за свадбата
-->

Северина Вучковиќ, убавата хрватска пејачка, пред две недели стапна на лудиот камен со својот избраник, помладиот игор Којиќ. Медиумите наголемо пишуваа за подготовките, за свадбата, гостите, идилата и гламурот, но сега се дозна информација која нема да и се допадне на пејачката.
Свадбата била само добро одглумена претстава бидејќи како што пишуваат порталите од регионот, Северина и Игор, кумата и матичарката глумеле со оглед на тоа дека парот се венчал законски на 25 септември во тајност во Хрватска.
Во матичната книга дента само било заведено тоа што се случило два месеци однапред.
На свадбата на Северина беше забрането фотографирање, имаше строги правила на однесување, а невестата доживеа и непријатности со оглед на тоа дека нејзината сестра не присуствуваше, а потоа даде изјава во медиумите дека не го поддржува бракот.
Што и да се случило едно е сигурно, им цвета љубовта на новопечените сопруг и сопруга.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Пензиите ќе растат линеарно
-
Левица ќе бара разрешување на претседателката на ДКСК
-
СДСМ: Тошковски ја партизира полицијата
-
ВМРО-ДПМНЕ: Шукова е одбрана само за да изгуби
-
Меморандум за разбирање со „Казанџи Груп“
-
Лицата со инвалидитет бараат да бидат ставени на советничките листи за претстојните локални избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Бујар Османи кандидат за градоначалник на Чаир, Таравари добива четири, а Села три општини