-->
-->
Сервер: Договорот меѓу Македонија и Грција е голем исчекор за целиот Балкан
-->

Во изјава за МИА Сервер укажа дека ако договорот помине и во двата парламента и на референдумот во Македонија „тоа ќе ја подобри стабилноста и ќе го направи регионот попривлечен за странски инвеститори“.
- Останаа уште две битни прашања поврзани со војната и мирот на Балканот, тоа е нормализација на односите помеѓу Белград и Приштина и напорите да се создаде функционална држава во Босна. Вие сте многу поблиску до крајот на процесот за воспоставување мир во регионот отколку што се на неговиот почеток, истакна Сервер.
Даниел Сервер е професор на уноверзитетот Џон Хопкинс во Вашингтон. Тој е поранешен американски претставник во Босна во улога на медијатор помеѓу Хрватите и Босанците во преговорите за Дејтонскиот мировен договор. Во моментот ја предводи програмата за менаџирање конфликти на универзитетот и во последниве години беше доста критичен спрема ЕУ и повикуваше забрзување на процесот на евроинтеграција на земјите како Македонија, Босна и Косово
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова: Спортската неписменост и говорот на омраза се срам за сите
-
Беким Сали нов вицепремиер, ако Меџити победи во Чаир
-
Објавен огласот за избор на претседател на Антикорупциска, трае 10 дена
-
Статус Кво ситуацијата со скапо купените акцелератори за зрачна терапија, по една деценија се уште не се во функција
-
Ристески: Сушата ќе го намали родот на тутунот за над 30%, ќе има само околу 18 милиони килограми
-
Преглед на вестите од светот
-
Средна оценка 3.69 од државната матура во јунскиот испитен рок
-
Несовесните гости во македонскиот туристички бисер зад себе оставаат купишта ѓубре