-->
-->
Серија А: Палерми избори опстанок во последното коло
-->
Екипата на Палермо во последното 38.коло од Серија А избори опстанок откако синоќа на домашен терен ја победи последнопласираната Верона со 3:2. Со ова тимот на македонскиот репрезентативец Александар Трајковски остана го освои 16.место, колку што има и Удинезе, додека лигата ја напуштаат Карпи, Фросиноне и Верона. Трајковски беше стартер и одигра 56.минути. Во последните пет кола Палермо немаше пораз и освои 11 бодови.
Резултати на натпреварите од 38.коло:
Палермо – Верона 3:2,
Киево – Болоња 0:0,
Емполи – Торино 2:1,
Џенова – Атланта 1:2,
Лацио – Фиорентина 2:4,
Удинезе – Карпи 1:2,
Милан – Рома 1:3,
Наполи – Фросиноне 4:0,
Сасуоло – Интер 3:1 и
Јувентус – Сампдорија 5:0.
Јувентус и Наполи ќе играат во Лигата на шампионите, Рома во квалификациите од Лигата на шампионите, Интер во Лига Европа, а Фиорентина во квалификациите од Лига Европа.
Конечна табела: Јувентус 91 бод (шампион), Наполи 82, Рома 80, Интер 67, Фиорентина 64, Сасуоло 61, Милан 57, Лацио 54, Киево 50, Емполи 46, Џенова 46, Торино 45, Аталанта 45, Болоња 42, Сампдорија 40, Палермо 39, Удинезе 39, Карпи 38, Фросиноне 31, Верона 28.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трибина „Кочани е нашиот приоритет“
-
Децата во Македонија имаат 900 часови помалку од европските врсници
-
Владата започна со презентирање на оперативен план за активни програми и мерки за вработување низ општините
-
Шест нови сензори ќе го мерат загадувањето во Струмица
-
Црвен Крст Охрид почна со регрутација на нови кандидати за спасители на вода
-
Голем дефект на прилепскиот хидросистем го остави полето без вода
-
Преглед на вестите од светот
-
Извештајот на Вајц е победа за македонската дипломатија