-->
-->
Серија А: Џенова го „растури“ Милан, Пандев на клупа
-->
Џенова го совлада Милан со 3-0 во првиот натпревар од 10-то коло во италијанската Серија А. Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев победата на својот тим ја гледаше од клупата за резервни фудбалери.
Милан не успеа да го искоисти моментумот во кој се најде по триумфот над Јувентус изминатиот викенд, откако на „Луиџи Ферарис“ забележа убедлив пораз.
Четвртата победа на Џенова, во тековнатат сезона, ја најави Нинковиќ во 14.минута. Проблемите на Милан се зголемија кога Палета доби црвен картон во 56.минута.
Предноста од играч повеќе Џенова ја материјализираше во последните 10 минути од натпреварот, најпрвин Кучка постигна авто гол, а веднаш потоа Паволети го постави конечниот резултат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
КСЗД: Државните институции ги дискриминираат граѓаните, од приватниот сектор се плашат да пријават неправилности
-
ВРЕДИ на итна средба
-
Дали за ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ е прифатливо Таравари да остане во владата, ако излезе од ВРЕДИ?
-
Кос: И да го смените уставот нема гаранции дека нема да има нови услови
-
30 дена од трагедијата во Кочани
-
Продолжува владината посета на ОАЕ
-
Таравари останува во Вреди, но сам ќе оди на избори
-
Од петок трговците ќе ги објавуваат цените на интернет