ФИФА ја казни Фудбалската федерација на Албанија
Дисциплинската комисија на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) го казни Фудбалскиот сојуз на Албанија со затворање на најмалку 20 отсто од капацитетот на стадионот на следниот натпревар кој ќе биде против репрезентацијата на Србија во квалификациите за Светското првенство, поради „неприфатливо однесување“ на албанските навивачи на неодамнешниот дуел против Андора.
Паралелно со ова, Фудбалската федерација на Албанија ќе треба да плати и парична казна во износ од 20.000 швајцарски франци.
Албанските навивачи за време на натпреварот против Андора „истакнале невкусни пораки со навредлива содржина против Србија и организацијата на Европското првенство за млади во 2027 година“, кое Србија и Албанија заедно ќе го организираат, пренесуваат денеска српските медиуми.
Натпреварот меѓу репрезентациите на Албанија и Србија, во рамки на квалификациите за пласман на Светското првенство 2026, е закажан за 7 јуни во Тирана.
Ново на Сител
-
Барселона испратила барање до ФИФА да ѝ дозволи да учествува на Светското клупско првенство
-
Трамп отворен за идејата Путин да посредува меѓу Изрел и Иран
-
Трамп: Наскоро ќе има мир меѓу Израел и Иран
-
Иранците ја гаѓале и приватната резиденција на Нетанјаху
-
Израелската национална авиокомпанија „Ел Ал ерлајнс“ ги откажа летовите до 23 јуни
-
МВР: Одобренија за патување во странство за малолетни лица ќе се издаваат од 8 до 18 часот
-
22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел
-
Алиу: Ќе ги дисперзираме услугите за онколошките пациенти онаму каде што има услови