Семинар за водење бизнис со интегритет-етички менаџмент
Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора на Македонија -Турција (МАТТО), денеска организираат настан со којшто се придружуваат кон активностите на ОЕЦД како едни од најголемите промотори на стандардот – бизнис со интегритет.
Во современиот свет на бизнисот, интегритетот е еден од најбараните квалитети, не само од вработените, туку и од самите компании. Интегритетот се дефинира како квалитет на искреност и доверба, поседување силни морални принципи, морална исправност.
Еден од начините да се одговори на овој предизвик е стандардот SEDEX, кој нуди едноставен и ефективен начин за управување со етички и одговорни практики во синџирот на снабдување.
Своите искуства пред присутните на денешниот семинар ќе ги изнесат и претседателот на Советот на странски инвеститори Штефан Петер и претседателот на МАТТО Туна Ејуп Кахвеџи.
Ново на Сител
-
Пчеларите бараат поедноставени процедури за пристап до финансиска поддршка
-
Преглед на вестите од светот
-
Митинг на ВМРО ДПМНЕ во Ѓорче Петров
-
Митинг на СДСМ во Велес
-
Тема на денот со Љузим Фаризи, политички аналитичар
-
Поднесено обвинение против петмина турски државјани за убиството во кафе бар во Штип
-
СДСМ продолжува со активностите на терен
-
Монтажен паркинг на Матка, промена на фасади во Карпош, кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и денеска на терен