Семејството на Каруана Галиција ја тужи полицијата поради истрагата
Семејството на убиената малтешка новинарка Дафне Каруана Галиција, која загина во експлозија на бомба поставена под нејзиниот автомобил, вчера поднесе тужба против полицијата, затоа што наводно не обезбедила фер и непристрасна истрага за нејзиното убиство.
Според порталот „политико.еу“, семејството на убиената новинарка тврди дека истрагата не е независна затоа што ја надгледува „предметот на нејзиното известување“.
Заменик-шефот на полицијата Силвио Валета е оженет со една од министерките во Владата на Малта, која Каруана Галиција во своите извештаи ја критикуваше поради потенцијален судир на интереси.
Претставници на опозициските партии претходно го прашаа Парламентот на Малта дали сопругот на министерка може да предводи истрага за убиство на јавен критичар на власта, но шефот на полицијата наведе дека е уверен во професионализмот на своите службеници.
Дафне Каруана Галиција беше убиена на 16 октомври. Таа истражуваше наводи за корупција и перење пари на најмоќните луѓе на Малта, меѓу кои и премиерот Џозеф Мускат и неговите најблиски соработници.
Ново на Сител
-
По царините на Трамп, Мицкоски очекува добра вест од САД за македонската економија
-
Aнкета на Детектор: Останува силно мнозинство против уставни промени
-
Младите не се чувствуваат безбедни
-
Во штипска Клиничка ќе се вработат 19 специјализанти
-
43 лица со ретки болести ќе добијат стипендии
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Благица Петрески, Фајнанс Тинк
-
„Марш за ангелите“ во Кочани