Секунда ги делеше од трагедија: Бебе летна од рацете на мајка си кога до нив експлодирала гума
Мајка и бебе биле погодени од голема гума за камион што експлодирала, но во несреќата имале и среќа. Видеото кое кружи на интернет е направено во кинескиот град Данџанг, кога работниците ги менувале гумите на камионска приколка. Тие извадиле една гума и ја напумпале па ја потпреле на паркираниот вилушкар.
Во тој момент, мајката со едногодишниот син излегла од гаражата и одела меѓу камионот и вилушкарот. Гумата токму во тој момент експлодира и ја погодила мајката во глава. Од силата на ударот, бебето излета од рацете, додека жената заврши на подот.
Човекот што видел што се случило дотрча да ја крене мајката, но потоа го виде бебето под гума па прво нему му помогна.
Двајцата веднаш биле пренесени во болницата, а како што е наведено, тие биле само изгребани.
Полицијата соопшти дека до експлозија дошло, бидејќи еден од работниците го оставил отворен вентилот на пумпата, предизвикувајќи прекумерен притисок во гумите.
Ново на Сител
-
Франција планира европска „иницијатива“ за прекин на конфликтот меѓу Иран и Израел
-
Нетанјаху му се заблагодари на Трамп за „поддршката“ во војната против Иран
-
Израел пред празни трибини на Европската златна лига во Струмица
-
Русија го зголемува военото присуство на границата со Финска
-
Постапка против 23-годишник осомничен за тешка кражба во износ од 296.000 денари
-
Уапсен 21 годишник, фрлил ќесе со дрога па се обидел да избоде полицаец
-
Три лица повредени меѓу кои и малолетник по пресметка со ножеви во Чаир
-
Сите осомничени за падот на бетонската настрешница во Нови Сад ослободени од притвор