Свет
18. јуни 2025 - 20:44

Нетанјаху му се заблагодари на Трамп за „поддршката“ во војната против Иран

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп за неговата „поддршка во одбраната на небото на Израел“, додека Израел напаѓа цели во Иран шести ден по ред.

„Сакам да му се заблагодарам на претседателот Трамп, голем пријател на државата Израел“, рече Нетанјаху во телевизиска изјава.

„Му се заблагодарувам што е на наша страна и му се заблагодарувам за поддршката на САД во одбраната на небото на Израел“.