Македонија
18. јуни 2025 - 15:20

Три лица повредени меѓу кои и малолетник по пресметка со ножеви во Чаир

На 17.06.2025 во 19.48 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Цветан Димов" со ул.„Џон Кенеди" во Скопје, по претходно недоразбирање, настанала физичка пресметка помеѓу 14-годишник од Скопје и Р.С.(64) и Б.С.(18), двајцата од Скопје, при што биле употребени ножеви.

Притоа, лицата се здобиле со повреди и биле пренесени во  Градската општа болница „Св.Наум Охридски" и Комплекс клиники „Мајка Тереза" за укажување помош. Увид бил извршен и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.