Седум нови случаи со Ковид-19 во Пијанец и Малешевијата
Во Пијанец и Малешевијата продолжува растот на новозаразени со Ковид-19. Според денешната статистика во Делчево денеска повторно има нови тројца заразени, додека во Берово има четири позитивни на Ковид-19.
Од Здравствениот дом во Делчево информираа дека и кај денешните нови случаи вирусот се јавил кај прилично млада популација.
– Ова само се надоврзува на случаите од претхдоните денови кога поголем дел од позитивните беа помлади од 30 години. Денеска за жал состојбата е слична. Она што сепак е добро кај денешните случаи е тоа што немаме лица со загрозено здравје, бидејки сите случаи се асимптоматски, информираа од делчевскиот Здравствен дом.
Делчевскиот градоначалник Горан Трајковски истакна дека од денеска зголемено е и ажурирањето на податоците со новотестираните.
– За таа цел вклучени се двајца епидемиолози од Центарот за јавно здравје кои ги ажурираат податоците мошне брзо, за да ги откриеме кластерите и да се преземат соодветните мерки со лицата, во смисла дали да бидат или тестирани или во самоизолација, рече Трајковски.
Во Берово со новите четири случаи, бројката на активни случаи заедно со Општина Пехчево се искачи на 34 лица. Во Делчево и Македонска Каменица вкупно регистрирани се 29 позитивни лица на коронавирус.
Ново на Сител
-
Две години условна казна затвор за онкологот Пешевска која призна вина
-
Седумгодишно девојче од Челопек почина во тетовската болница
-
Не работи пералната на Клинички – Алиу ќе ја враќа во владение на државата
-
„Амбикон“ го објави извештајот за загадувањето на воздухот во Трубарево: Податоците се неспоредливи со претходни параметри
-
Децата од четири училишта во Гази Баба се вратија во училници
-
Муцунски и Муртезани домаќини на Јадранско - јонската иницијатива во Њујорк
-
Откажа единствениот функционален радар на Скопскиот аеродром, М-НАВ вели тоа нема безбедносно влијание
-
Поголема соработка и нови инвестиции се очекуваат од Дубаи, земјава ги претстави можностите