Се унапредува туристичката соработка со Турција
Тур оператори и туристички агенции од Турција од денеска се во официјална посета на Македонија со цел проширување на туристичкиот пазар, зголемување на турстичката размена меѓу Турција и Македонија, зацврстување на веќе постоечките и создавање нови партнерства со Македонија.
Информативното патувањето кое во организација на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот на Република Македонија, ќе започне од Скопје, ќе се посети винскиот регион, Битола и Музејот на Кемал Ататурк и ќе заврши со дводневна посета на Охрид.
Со цел поголема конторола, зацврстување на веќе постоечките и создавање на нови партнерства со Македонија за проширување на туристичкиот пазар значаен за двете земји денеска беше потпишан Меморандум за соработка меѓу Асоцијација на тур оператори од Турција - ТУРСАБ и Туристичко угостителката комора при Сојузот на стопански комори на Македонија. Меморандумот го потпишаа претседателот на регионалниот совет на ТУРСАБ Мехмет Акус и Аркан Керим, претседател на Туристичко угостителската комора при ССК.
Пред турските тур оператори и туристички агенции ќе бидат презентирани хотелските капацитети во Охрид со цел зголемување на бројот на туристи од еден од најзначајните туристички пазари во Македонија.
Според статистичките податоци бројот на туристи од Турција е зголемен за повеќе од 400 отсто, од 2008 година кој изнесувал 16.000 туристи до 2015 тој број е зголемен за повеќе од 75.000 туристи годишно и остварени повеќе од 140.000 ноќевања.
Агенцијата организираше и бизнис средба во Министерството за надворешни работи со членовите на ТУРСАБ и туристичките агенции од Турција.
Претседателот на регионалниот совет на ТУРСАБ Мехмет Акус искажа задоволство од големиот интерес од страна на македонското туристичко стопанство и се надева на успешна посета, остварени многу значајни контакти со цел продолжување и зголемување на успешната туристичка размена со Турција.
Ново на Сител
-
Бурна сезона имаа спасителите на вода во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнаа предизборните активности на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ - Кои ќе бидат клучните пораки од кампањите?
-
Почнаа предизборните активности на ВМРО-ДПМНЕ
-
Кои ќе бидат клучните пораки од кампањата на СДСМ?
-
Мицкоски: Очекувам мирна кампања, но опозицијата ќе гради кампања врз лаги
-
СДСМ ќе води позитивна кампања и остро ќе ја критикува работата на опонентите
-
Албанските партии ветуваат фер и демократска кампања – сообраќајниот хаос во Чаир, дивоградбите и хигиената во фокус на програмите