Бурна сезона имаа спасителите на вода во Охрид
Бурна сезона ова лето имаа спасителите на плажите долж Охридското езеро. Интервенциите според податоците биле зголемени за 60 проценти споредбено со изминатите години имало околу 1400 укажувања на прва помош и 31 извлекување на давеници кои не ги почитувале препораките.
26 спасители биле ангажирани на 11 плажи долж охридското и 7-мина на две плажи во струшкото крајбрежје. Иако е законска обврска на сите концесионери да имаат безбедни капалишта, за жал тоа со години не се почитува.
Од Црвениот крст посочија дека за жал и ова лето бродот-амбуланта со кој многу побрзо се интервенира и се врши пренос на патници, а е од корист и за пожарникарите за гаснење на пожари во тешко пристапни делови, не профунционира и остана да стои закотвен во каналот Студенчишта поради недостиг на финансии.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар