-->
-->
Се склопуваат коцките за нападот во Брисел
-->

Врз основa на наодите од истрагата, Си-ен-ен направил шема на која ја претставува поврзаноста на терористите кои кон крајот на минатата година извеле напад во Париз каде убиле околу 130 луѓе и сега во Брисел.
Централната личност на ќелијата која ги нападнала Париз и Брисел е Салах Абдеслам, главниот организатор на терористичките напади во Париз, уапсен во Брисел. Со него се поврзани и Наџим Лахрауи, за кој се знае дека учествувал во бомбашките напади во Париз и дека се разнел во самоубиствен напад на бриселскиот аеродром, како и браќата Ел Бакрауи, кои ги извеле нападите на аеродромот во Брисел (Ибрахим) и во метро (Калид).
Во истата терористичка келија се и Мохамед Белкаид, убиен минатата недела во рација во Брисел, Мохамед Бакали, еден од планерите на нападите во Париз, Мохамед Абрини, кој го донел Абдеслам во Париз и уште двајца: Хамза Ату и Мохамед Амри, кои го изнеле Абдеслам од Париз.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Поранешната антикорупционерка Татјана Димитровска седна на обвинителна клупа
-
ВМРО-ДПМНЕ вечерва во Струга и Ресен
-
Шукова: Вардариште ќе биде модерна европска претоварна станица
-
Османи ветува одлучна борба со корупцијата во Чаир
-
Меџити: Нови училишта и градинки во Чаир
-
Падот на наталитетот е сериозен проблем и прв приоритет на владата
-
Протест на вработените во „Паркови и зеленило“
-
Продолжи судењето за таткото што претепа двајца малолетни фудбалери на ФК „Брегалница“ - Штип