-->
-->
Се скараа принцот и кралицата – Меган не може да добие сè што сака
-->
Неколку дена пред венчавката на принцот Хари и Меган Маркл дошло до вистинска караница во Кесингтонската палата, пишува Дејли меил.Во книгата на Роберт Џобсон, новинар и писател кој за британските медиуми известува за кралското семејство уште од 1991 година, пишува дека кралицата морала да им стави крај на барањата на Меган, која ја нарекува „тешка невеста“.
Се започнало со изборот на тијарата. Британските медиуми пренесуваат дека Меган избрала да носи тијара со смарагди, но ѝ било речено дека тоа е недозволиво, зашто не можеле да го утврдат потеклото на скапоцените камења. На дворот се соменвале дека се од Русија, со која Велика Британија е во чувствутелни односи.
Младиот принц наводно пред венчавката на персоналот во Виндзор му рекол: „Што сака Меган, тоа и ќе добие“, но кралицата го предупредила: „Ќе ја избере тијарата што ќе ја добие од мене“
„Исто така, кралицата испитуваше дали Меган треба воопшто да носи вел, со оглед што ова ѝ е втор брак. Но, Меган силно сакала да носи тијара со смарагди и наводно Хари многу се налутил кога кралицата му рекла дека е невозможно да ја носи тијарата што ја избрала.
„Меган не може да добие се што сака. Ќе носи тијара што ќе ја изберам јас, му рекла кралицата на омилениот внук, кој иако многу се налутил, си легнал на брашното.
На крајот, Меган носеше тијара со дијаманти и платина, што ја носела кралицата Марија. Ја избрала на средба со кралицата и принцот Хари, но ниту еднаш во медиумите не дозволила да се насети дека тијарата не е нејзин избор. Средбата ја опишала како „неверојатен и надреален ден“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Лишено од слобода лицето што му се заканувало на кавадаречкиот градоначалник
-

Милевски повеќе не е селектор на македонската репрезентација
-

Нормализиран сообраќајот на ГП Дојран
-

За еден денар поевтинуваат дизел горивата
-

Во третиот квартал годинава 10.033 слободни работни места
-

Возач на Бит Пазар нападнал 14-годишно момче, па ја одвел неговата 16-годишна сестра во непознат правец
-

Охриѓанец со остар предемет нападнал сограѓанин и тешко го повредил
-

Кривична за 16-годишник од Скопје, поседувал пиштол и муниција и ги носел со себе
