Се проширува домот за стари лица во Берово
Единствениот дом за стари лица на крајниот исток кој се наоѓа во Берово, ги прошири своите капацитети, при што по уредувањето на неговата втора ламела, во моментот може да згрижи уште 14 нови корисници. Како што истакна Марија Умленска, раководител на установата, проширувањето на домот ќе значи намалување на бројот на заинтересирани, кои во бројка од околу 100 пенизонери чекаат за прием во установата.
– Сакам да изразам голема благодарност до хуманитарната организација од Кралството Холандија кои заедно со Министерството за труд и социјална политика и општина Берово овозможија да се стави во функција вториот дел од установата, со што ќе го прошириме капацитетот за уште 14 нови корисници. Што се однесува до условите, како што можете да видите тие се прекрасни, имаме социјален работник кој е ангажиран околу активностите на луѓето, имаме соработка со сите институции од Берово кои доаѓаат во посета и се дружат со лицата кои престојуваат овде, што значи дека нашите корисници имаат одличен друштвен живот, истакна Умленска.
Претставникот на Холандската фондација, Џесика Готамбос, истакна дека ова е инвестиција која во целост ја оправдала својата цел.
– Тука сме во Берово во име на нашата фондација од Холандија, на чија иницијатива е изграден домот за да го посетиме и да видиме како изгледа она што е направено во рамки на неговото проширување. Проектот е изготвен заедно со властите од Берово, со кои сакавме на повозрасната категорија граѓани да им обезбедиме пристојни услови за престој. Инвестицијата чинеше околу 300 илјади евра и можеме да кажеме дека домот е еден од подобрите во Македонија, истакна Готамбос.
Во перспектива, како што истакнаа претставниците на холандската фондација е проширување и на третиот дел од домот, со што истиот ќе биде во можност да прими уште 40 нови корисници.
Ново на Сител
-
„Од врата до врата” за поголем опфат со вакцини и избегнување на епидемија со морбили
-
Родителите мора да ја почитуваат реонизацијата при запишување на првачињата
-
Пристапноста и натаму проблем за лицата со попреченост
-
Преглед на вестите од светот
-
По изборите одлука на Уставен за Законот за јазиците
-
Над 20 судии, обвинители и адвокати за судиското место во Стразбур
-
Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд
-
Средба Мицкоски - Таравари ќе има, Ахмети не разговарал со Алијанса за општини